Денес и утре и понатаму ќе се задржи нестабилно време, особено во попладневните часови кога ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град. Максималните дневни температури и во следните неколку денови нема многу да се менуваат, и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени.
Стабилизација на времето ќе имаме од четврток, кога ќе има и многу повеќе сонце. Исто така, во четврток ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.
Под влијание на уште потопла воздушна маса од југ, за време на викендот ќе имаме понатамошен пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.
За нови и подетални информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука