ПРОДОР НА УШТЕ ПОТОПОЛ ВОЗДУХ ОД ЈУГ – ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ СЛЕДУВА ПОНАТАМОШЕН ПОРАСТ НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ

објавено на:

07 Сеп 2021

од:

сподели:

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, додека особено навечер и во текот на ноќта од југ облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.

Потоа утре, како и во четврток ќе има повеќе облачност а ќе има услови и за појава на локален дожд. Температурите ќе бидат без поголеми промени.

Понатамошно затоплување на времето, и тоа под влијание на топла воздушна маса од југ ќе имаме за време на викендот кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен. Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност, иако и за време на викендот, и тоа особено во недела попладне има услови за локален краткотраен дожд.

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност, и ќе изнесува коефициент 6.

И во Скопскиот регион во следните денови се очекува претежно стабилно и суво време, иако има услови за сосема слаб и локален дожд. Исто така повремено и во Скопје и околината ќе има позначителна облачност. Температурата ќе се искачува во интервалот од 23 до 27 степени.

Овие денови ќе дува и слаб до умерен ветер, претежно од променлив правец.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]