Продор на потопол воздух од југ во четврток – најнови детали за времето за следниот период
До крајот на денов во државава времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд, особено во западните предели од државава. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи а ќе дува и умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен локален, слаб дожд. Ќе дува умерен, попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 21 степен.
Потоа во следните неколку денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди. Во попладневните пак ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд, особено утре и во среда. Ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Утре сеуште ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот до среда ќе бидат под просекот за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Пораст на температурите на воздухот и тоа под влијание на потопла воздушна маса од југ ќе имаме од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.
Според моменталните анализи со кој располагаме, под влијание на влажен воздушен бран од запад во петок, особено попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон сабота на повеќе места ќе има врнежи од дожд и услови за локална појава на грмежи. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
За време на викендот поради продор на постуден воздушен бран, ќе имаме позначително опаѓање на температурите и истите ќе бидат потпросечни за овој период од годината. Исто така, ќе има и зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд. Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни [...]