Продорот на поларен воздух од Арктикот кон нашата државава веќе започна уште утринава кога во Беровскиот регион температурите на воздухот се спуштија многу ниско, и тоа на -10 степени. Еден од постудените градови утринава е и Битола и Скопје – Петровец каде се измерени температури од околу -5 степени.
Најтопло е во Пожаране и во Виница каде температурата на воздухот се спушти до околу 1 степен.
Како што е најавено, поларниот бран понатаму ќе условни невообичано ниски температури на воздухот за ноември месец, особено ниски температури ќе имаме наутро кога за време на викендов и на почетокот од следната недела понекаде истите ќе се спуштат дури и по -10 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука