И во следните денови нашата територија ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса која ќе условува стабилно, суво, сончево време со мала локална облачност. По одделни котлини и речни долини во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.
Минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.
Во Скопје и околината и понатаму времето ќе биде стабилно и суво со магла, особено во ноќните и во претпладневните часови, Минималната температура ќе се спушта до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачува до околу 13 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука