ПРОДОЛЖУВА НЕСТАБИЛНОТО И ТОПЛОТО ВРЕМЕ – ЌЕ ИМА И ЛОКАЛНА ПОЈАВА НА ДОЖД И ГРМЕЖИ

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се искачи до околу 27 степени.

Потоа до самиот крај на оваа недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Локално и тоа особено во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука