ПРОДОЛЖУВААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И УТРЕ НОВИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ
Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источната половина. На запад ќе има услови за слаб локален дожд додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Во текот на ноќта и утре особено претпладне врнежите ќе се интензивираат и ќе се прошират на повеќе места. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималната температура ќе се искачува во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд а ќе дува и умерен до засилен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 15 степени.
Потоа за време на новогодишната ноќ времето ќе биде ведро со умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има на запад каде ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег на повисоките места и на планините. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -2 до 5 степени.
Во првите денови од 2021 година ќе имаме претежно стабилно и суво време со температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Променливото време продолжува и во почетокот на новата работна седмица. Утре (понеделник) особено во јужните предели од државава и во претпладневните часови ќе има повремено врнежи од дожд, додека на планините ќе врне снег. Врнежите сепак полека ќе се намалуваат и ќе престануваат, па така во вторник ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди и ќе биде претежно [...]