Како што и беше најавено, студениот воздушен бран од север и од североисток стигна во сосетството и го донесе првиот снег. Снег во моментов врне на Копаоник, Србија.
Таму веќе има и тенка снежна покрвика, додека температурата се спушти до неверојатни 0 степени:
Студениот бран ја зафати и Македонија, и тоа особено северната половина а до вечерва ќе ја зафати цела Македонија. Истиот ќе услови умерен до засилен северен и северозападен ветер и повремен локален дожд.
Не се исклучува можноста на највисоките планински врвови да провее и првиот снег за оваа сезона.
Овој студен бран е невообичаен за овој период од годината, а ново затоплување на времето ќе имаме веќе од петок па натаму.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki