ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И УТРЕ СНЕЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ НАШАТА ДРЖАВА! НА МНОГУ МЕСТА ЌЕ СЕ СОЗДАДЕ НОВА БЕЛА ПОКРИВКА!

Како што најавивме, во текот на оваа ноќ од запад ќе започнат врнежи претежно од снег, и во текот на утрешниот ден истите ќе се прошират насекаде. Само на некои од ниските места повремено ќе има врнежи од дожд и од снег.

Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во крајните југоисточни најтопли предели од државава.

И во Скопскиот регион утре ќе има врнежи од дожд и од снег, или мокар снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Потоа локални врнежи претежно од снег, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе има и во среда, додека од четврток па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво. Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki