ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ И УТРЕ ПОГОЛЕМ БРАН НА ВРНЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА – ЛОКАЛНО НАД 30 Л/М2 ВОДЕН ТАЛОГ

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, во текот на денешниот ден ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од југоисточен правец, додека на југоисток ќе има повремен локален дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе започнат да се шират и во останатите предели од државава и утре ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ.

Локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Поради падот на температурите на воздухот, утре на планините врнежите ќе бидат претежно од снег, каде се очекува формирање на снежна покривка.

Максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачува во интервалот од 9 до 15 степени, додека утре ќе биде пониска и ќе се искачува во интервалот од 5 до 12 степени.

Потоа во вторник ќе има краткотраен престанок на врнежите, нов бран на врнежи се очекува веќе во среда.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука