ПРЕТСТОЈНАТА НОЌ ИНТЕНЗИВНИ ВРНЕЖИ НА ЗАПАД И СЕВЕРОЗАПАД – ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА НИВОАТА НА РЕКИТЕ

Во текот на претстојната ноќта под влијание на изразен циклонски систем, особено во западните и во северозападните предели ќе има ИНТЕНЗИВНИ врнежи од дожд кој локално има услови да бидат проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од јужен правец.

Локално количеството на наврнат воден талог ќе биде ГОЛЕМО (над 40 л/м2) со што можно е зголемување на нивоата на реките во западните и во северозападните предели, нивно излегвање е можно кај малите реки кој се наоѓаат покрај патиштата, па затоа на возачите го советуваме да бидат крајно претпазливи во возењето.

Во текот на утрешниот ден врнежите ќе се преместуваат кон исток, додека од сабота ќе имаме постабилно и посуво време, иако повремено ќе има услови за слаб локален дожд.

Температурите на воздухот поради продор на постуден воздух од север ќе бележат тенденција на опаѓање, особено за време на викендот и на почетокот од следната недела, кога се очекуваат доста студени утра. Детална анализа околу ова следува понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука