ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЦИКЛОН И НОВ БРАН НА ВРНЕЖИ СЕ ДВИЖАТ КОН ДРЖАВАВА – ДЕТАЛИ
Почнувајќи од денес доцна попладне и навечер, па се до понеделник во текот на денот ќе бидеме под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која ќе услови облачно време во државава со врнежи од дожд кој на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Најинтензивни врнежи ќе има во северозападните и во западните предели каде локално до понеделник ќе наврнат дури и над 60 л/м2 воден талог.
На планините врнежите ќе бидат од снег и тоа особено во северните и во северозападните предели. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од променлив правец.
Температурите на воздухот во текот на следните неколку денови ќе бидат над просекот, особено во јужната половина од државава и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени, додека во северните предели ќе биде нешто постудено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 7 степени.
За време на оваа циклонска активност локално ќе има услови и за нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има услови и за појава на замрзнат дожд, особено во северните предели кој ќе се наоѓаат под влијание на нешто постудена воздушна маса.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради доста интензивните врнежи од дожд кој се очекуваат и понатаму, се очекува зголемување на нувоата на реките и на езерата низ државава. Можно е и нивно локално излевање, особено на оние помали реки низ државава и на оние реки кој се наоѓаат во близина на патиштата. Затоа сите оние кои планираат да патуваат да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во Македонија попладнево имаме изразена температура инверзија, односно котлините се под густа магла и ниска облачност, каде е многу ладно со минусни температури, додека на планините и на Скијачките центри може да се каже дека е пролет каде има и многу сонце со температури до околу, па дури и над 10 степени. На картата од Neverin.hr може да се [...]