Топлотниот бран кој е со потекло од југ (северните предели на Африка) и кој ќе ја зафати нашата територија следната седмица би можел да биде за паметење и долготраен, со оглед на тоа дека се очекуваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ температури на воздухот и многу сонце.
Температурите на воздухот од утре па натаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде од средината на следната седмица кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат до РЕКОРДНИ 45 степени.
УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10), па затоа граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да не излегуваат во најтоплиот дел од денот, и да пијат што повеќе течности.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука