ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ПОРАДИ ИНТЕНЗИВНИТЕ ВРНЕЖИ МОЖНИ ЛОКАЛНИ ПОПЛАВУВАЊА! НА ВИСОКИТЕ ПЛАНИНИ СНЕГ
Денес, како и во текот на следните денови и тоа под влијание на влажна и СТУДЕНА воздушна маса, времето во Македонија ќе продолжи да биде облачно и невообичаено СТУДЕНО за овој период од годината со повремени врнежи од дожд. Повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места повторно се очекува да наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог ( над 50 л/м2 воден талог).
Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет, Темпоературите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО под просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.
Поради НЕВООБИЧАЕНО ниските температури на воздухот кој ја зафатија нашата држава, и понатаму на високите планини ќе има услови за врнежи од СНЕГ.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека во изминатите два дена наврна ГОЛЕМО количество на дожд во поголем дел од државава, а се очекуваат и нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и ново ЗНАЧИТЕЛНО количество на дожд, ќе продолжат да растат нивоата на реките и на езерата во Македонија. Исто така има можност и за локални излевања на реките, особено на оние помали реки, и на оние реки кои се наоѓаат покрај патиштата, со што може да дојде и до локални ПОПЛАВУВАЊА. Токму поради ова особено на возачите им препорачуваме внимателно да управуваат со своите возила, и тоа доколку се движат покрај реките кои се наоѓаат покрај патиштата.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki
Може ќе ве интересира
Занимливости
Во текот на оваа ноќ и утре (Вторник 11 ноември) во претпладневните часови на повеќе места во нашата Македонија продолжуваат врнежите од дожд а исто така од север ќе продре поладен воздух проследен со северен ветер кој повремено ќе биде засилен на интензитет. Поради падот на температурите на високите планински места (над 2000 метри надморска височина) ќе има провејување [...]

by