Почнувајќи од утре попладне нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса која на повеќе места ќе условува развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Токму поради ова на граѓаните ги советуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ, и тоа особено во случај на појава на електрични празнења и силен ветер.
Напомена: Најмали услови за развој на нестабилност и за врнежи, како и за појава на невреме имаат југозападните предели (Охридско – Струшкиот, како и Преспанскиот регион).
Температурите во текот на следните денови ќе бележат тенденција на пад и тоа под влијание на посвежа воздушна маса од север, и тоа особено од петок кога ќе дува и северен ветер, најизразен Долж Повардарието. Температурите особено од петок ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука