ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДОКОЛКУ СЕ ДВИЖИТЕ НИЗ ПЛАНИНИТЕ: СЕ ОЧЕКУВА НОВ СНЕГ ОД НАД ПОЛОВИНА МЕТАР И СНЕЖНИ НАНОСИ

објавено на:

23 Јан 2021

од:

сподели:

Доколку во текот на следните денови, односно некаде до вторник наутро се движите по планините со надморска височина од над 1400, 1500 метри и тоа особено во западните предели да бидете КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ поради очекуваните ДОСТА ИНТЕНЗИВНИ врнежи од снег и значителното зголемување на снежната покривка (за над 50 сантиметри).

Исто така поради интензивните врнежи видливоста ќе биде доста намалена а ќе дува и силен ветер, најпрвин од јужен и југозападен, а потоа и од западен правец чија брзина повремено и локално ќе достигнува над 80 км/час. Поради силниот ветер се очекува појава и на снежни наноси, додека поради ниските температури на воздухот ќе има појава на голомразица.

Повремено снег ќе паѓа и на местата со надморска височина од над 1000 метри, додека на ниските места (градовите) врнежите ќе бидат претежно од дожд но поради продор на студен воздух од Арктикот во вторник се очекуваат повремени локални врнежи од снег и на пониските населени места. Температурите исто така од вторник значително ќе се намалат, особено кон крајот на денот и навечер со што ќе има појава на голомразица, па така и возачите да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Во среда наутро температурите на воздухот насекаде ќе се спуштат под нулата и на некои места истите ќе се спуштат и под -10 степени, особено на повисоките и планинските места. Исто така ветерот од вторник ќе го промени својот правец во северен и во северозападен и повремено ќе биде засилен по интензитет, особено Долж Повардарието.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука







Занимливости