ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ДОАЃА НЕВРЕМЕ КОН МАКЕДОНИЈА

објавено на:

20 Авг 2021

од:

сподели:

Денес во попладневните и вечерните часови во јужните, додека во текот на ноќта и утре и на повеќе места ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Нестабилно ќе биде и во Скопскиот регион со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на НЕВРЕМЕ.  Температурата ќе се искачи до околу 32 степени, додека од недела истата ќе биде во мал пораст и ќе се искачи до околу 34 степени.

Потоа од недела до вторник ќе имаме стабилно, суво и сончево време со температури кој ќе бидат во пораст, и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36, 37 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ПОПЛАДНЕВО, ВЕЧЕРВА И УТРЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така граѓаните, во случај на појава на силен ветер своите автомобили да не ги ставаат во близина на дрвјата.

Нова локална нестабилност се очекува од вторник попладне – повеќе информации околу ова понатаму.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости