Претстојната вечер и ноќ од запад ќе се прошират нови уште ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и тоа на пониските места од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка ќе продолжи да се зголемува, особено на планинските места со надморска височина од над 1300, 1400 метри и тоа претежно во западните предели.
Ќе дува засилен, повремено на некои места СИЛЕН ветер од јужен и од југозападен правец и истиот повремено ќе достигнува брзина од околу 90 км/час. Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени, додека утре истите ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 16 степени во најтоплите предели од државава.
Утре во текот на денот ќе има краткотраен престанок на врнежите, меѓутоа доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и снег на планините, поради продор на студена воздушна маса во вторник врнежи од снег ќе има и на неко пониски места. Детална анализа околу ова следува понатаму.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука