До крајот на денов особено во североисточните и во источните предели од државава, вклучувајќи ја и Скопската котлина локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и тоа застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалалот од 25 до 33 степени.
Потоа од утре следува период на пооблачно време/ На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој може да услови локални ПОПЛАВУВАЊА, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град.
Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мало опаѓање, што значи дека и покрај доста нестабилното време ќе се задржи релативно топлото време.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Од денес попладне, па во текот на следните денови во случај на појава на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Додека овчарите своите овци да ги делат во помали групи со цел да ги заштитат. Исто така граѓаните во случај на силен ветер да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука