ПРВИЧНИ ИНФОРМАЦИИ: НОВОГОДИШНАТА НОЌ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИ ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ И ВРНЕЖЛИВО ВРЕМЕ

објавено на:

23 Дек 2020

од:

сподели:

Според првичните анализи со кој располагаме, оваа година новогодишната ноќ ќе ја одбележи врнеживо и облачно време. Односно ќе бидеме под влијание на циклонска активност и на влажен но не многу студен воздушен бран кој ќе услови врнежи од дожд на ниските места и снег на планините.

На повеќе места новогодишната ноќ ќе биде проследена со ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи и значително количество на воден талог, додека на планините ќе се зголемува снежната покривка.

На првиот ден од новата 2021 година и понатаму ќе имаме врнежливо време поради споменатата циклонска активност. Температурите на воздухот за време на новогодишната ноќ ќе се движат во интервалот од 2 до 7 степени, додека на првиот ден од новата 2021 година истите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.

НАПОМЕНА: Понатаму анализите одново ќе ги изработуваме, со што промени во истите се можни. Затоа граѓаните да ги следат секој нови направени анализи за да бидат попрецино информирани какво време не очекува за време на новогодишната ноќ, но и на првиот ден од новата 2021 година.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 







Занимливости