ПРВИОТ ПРОДОР НА СВЕЖ ВОЗДУХ ОД СЕВЕР ДОАЃА: ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ СЕ ПОНИСКИ УТРИНСКИ И ДНЕВНИ ТЕМПЕРАТУРИ

Поради продор на свеж воздух од север, во следните денови очекуваме се пониски минимални, како и максимални температури на воздухот. Овој продор особено ќе го почувстуваме од среда во попладневните и во вечерните часови, како и во четврток кога ќе дува умерен, а особено Долж Повардарието и засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите до среда нема многу да се менуваат во споредба со сегашните, додека од четврток максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен. Наутро ќе биде особено свежо кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 18 степени во најтоплите предели.

Инаку времето овие денови ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе имаме во среда попладне кога ќе има услови за појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи.

УВ ИНДЕКСОТ сеуште ќе биде ВИСОК и ќе има коефициент (7).

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki