ПРВАТА ПОЛОВИНА НА ДЕКЕМВРИ СО НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ И ПОВЕЌЕ ВРНЕЖИ – ДЕТАЛИ

објавено на:

03 Дек 2020

од:

сподели:

Според моменталните анализи, првата половина на декември месец 2020 ќе помине во знакот на натрпосечно високи температури на воздухот, односно истите ќе бидат повисоки од нормалните за 4 до 5 степени па така истите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени во југоисточните предели од државава, сепак ќе има денови кога истите ќе бидат и пониски.

Што се однесува до врнежите, истите ќе бидат над просекот, односно ќе имаме серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат поинтензивни врнежи од дожд а снег ќе паѓа само на повисоките планини со надморска височина од над 1500 метри.

Најинтензивни врнежи се очекуваат во западните и во југоисточните предели, локално и во источните предели каде на некои места се очекува да наврнат и повеќе од 60 л/м2 воден талог, во западните предели локално и над 90 л/м2 воден талог што значи полека но сигурно на долгниот сушен период му доаѓа крајот.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна анализа на времето, промени во истата се можни понатаму.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 







Занимливости

  • 24 Мар 2025

    Во изминатите 24 часа речиси насекаде во Македонија имаше врнежи од дожд со променлив интензитет, што значи дека повремено врнежите беа пообилни. Најмногу дожд во последните 24 часта, односно до 7 часот утринава наврнаа во Лазарополе, и тоа 29 литри на метар квадратен дожд. На табелата можете да ги погледнете измерените минимални температури во текот на денешното утро, односно [...]