До крајот на денов времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО за овој период од годината со повремени локални врнежи од дожд. Ќе има услови за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.
Во следните денови пак, како што најавивме во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Што се однесува до температурите, минималните и тоа особено утре наутро ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните дневни во следните денови ќе бележат тенденција на ПОЗНАЧИТЕЛЕН пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki