ПО СТАБИЛНИОТ ВИКЕНД – ОД ВТОРНИК НОВА ПРОМЕНА И ДЕСТАБИЛИЗИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО, ДЕТАЛИ

За време на овој викенд, како и во понеделник како што веќе најавивме ќе се задржи стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.

Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени, додека во понеделник ќе биде уште потопло со максимална температура која ќе се искачува во интервалот од 15 до 22 степени.

Од вторник па натаму се очекува нова промена на временската состојба кај нас. Облачноста ќе се зголемува и ќе има нови повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер и тоа најпрвин од јужен и југозападен правец, додека од среда навечер ветерот ќе го промени својот правец во северен а температурите ќе опаѓаат, со што на повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука