ПО СНЕГОТ – ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СИБИРСКИ СТУД! ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ И ПОД -15°C

Врнежите од снег во западните предели ќе се задаржат до самиот крај на денов и таму снежната покривка и понатаму ќе се зголемува, додека во останатите предели врнежите полека ќе престануваат.

Инаку, како што најавивме, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и МНОГУ СТУДЕНО со сончеви периоди. Повремено ќе има услови за слаб локален снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и понекаде ќе се спуштаат и под -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 3 степени, што значи дека и максималните температури на повеќе места ќе останат под нулата.

И во Скопскиот регион понатаму во следните денови времето ќе биде променливо облачно и многу студено со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а локално и повремено ќе има услови за сосема слаб снег. Наутро температурите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 3 степени.