ПО ПРОЛЕТНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ – СЛЕДУВА ПОГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ЗАЛАДУВАЊЕ!
Вечерва полека облачноста ќе се зголемува, а до крајот на денов температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и над 20 степени.
Инаку од утре па натаму ќе имаме повеќе облачност и ќе има појава на повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и тоа во западните предели повремено засилен ветер од југозападен правец.
Температурите и понатаму ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Заладување на времето ќе има во вторник, кога врнежи од дожд ќе има на повеќе места и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, и на повисоките места и на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Услови за врнежи од снег во вторник ќе има и на некои места со помала надморска височина, и тоа особено во северните предели. Сево ова ќе биде проследено и со засилен ветер од северен правец.
Температурите во вторник ќе бележат тенденција на позначителен пад и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од државава.
Може ќе ве интересира
Занимливости
Денешното утро (Велика сабота 19 април) во Македонија ни донесе сончево време со релативно високи температури на воздухот, а такво време не очекува целиот овој празничен викенд. На табелата можете да ги погледнете денешните минимални температури измерени по градови и места во нашата Република Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.