По освежувањето и продорот на студениот фронт утре и во четврток – за викендот следуваат Африкански температури во Македонија!

Утре и во четврток како што веќе најавивме, под влијание на посвежа воздушна маса од север, ќе има пад на температурите за 5 до 6 степени и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени. Исто така утре ќе дува засилен ветер од северен правец, а ќе има појава и на повремен локален пороен дожд проследен со грмежи.

Мора да се напомене дека ЗНАЧИТЕЛНО ПОСВЕЖИ утра ќе имаме во четврток и во петок, кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од само 1 до 8 степени.

Нов ЗНАЧИТЕЛЕН ПОРАСТ на температурите на воздухот ќе има од петок па за време на викендот, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која ќе продре од северните предели на Африка кон нашата држава. За време на викендот кој доаѓа температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури и до околу па и малку над 35 степени.

И во Скопскиот регион утре ќе дува засилен ветер од северен правец и ќе има услови за повремен локален пороен дожд проследен со грмежи. Од четврток времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, додека од петок температурите позначително ќе порастнат.  Максималните дневни температури во Скопје во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен.

 

Напомена: Наглите промени на времето кој следуваат деновиве, особено во поглед на температурите, негативно ќе влијаат врз здравјето на граѓаните, односно овие денови особено кај метеопатите можна е појава на нервоза, болки во коските и на местата од стариете рани, како и повремена нервоза, но и несоница. Доколку граѓаните овие денови почувствуваат значителни здравствени проблеми, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават кај својот матичен лекар за совет.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki