По невремето и дождовите – конечно стабилизирање на временската состојба кај нас
По големата нестабилност која ја зафати нашата територија изминативе денови, од утре под влијание на стабилна и сува воздушна маса времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот утре ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, во крајните југоисточни предели истата има услови да се искачи до околу 35 степени.
Потоа во следните денови ќе продолжи стабилното и суво време без врнежи, исклучок ќе биде викендот кога во попладневните часови има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.
Поради продор на топла воздушна маса од југ, повторно се очекува пораст на максималните дневни температури на воздухот кој особено за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. Сепак следните неколку утра ќе бидат малку посвежи, особено утрешното кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 17 степени.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Облачно со релативно високи температурите е денешното утро во нашата Македонија а локално се бележат и послаби врнежи од дожд а само на високите планини во западните предели провејува снег. Најмногу дожд до 3 часот утрово има наврнато во Гевгелија и тоа 15 литри дожд. На првата метеоролошка карта можете да ги видите температурите измерени во овие утрински часови [...]

by