Тропоските горештини продолжуваат повторно од утрешниот ден па натаму, и тоа по денешното попладневно локално невреме кое ги зафати особено западните и југозападните предели од државава.
Сепак и за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, што значи дека повторно ќе бидеме под влијание на ТРОПСКИОТ БРАН од Африка. Сосема мал пад на температурите ќе има во недела, како и во почетокот од следната седмица.
Ув – индексот повторно ќ има МНОГУ ВИСОКА, до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува коефициент помеѓу 9 и 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
Во Скопје и околината ќе имаме слично време, со услови за краткотрајна нестабилност во делови од котлината и тоа за време на викендот. Ќе биде МНОГУ ТОПЛО со температури кој ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 38 степени, додека мал пад на истите ќе има во недела, како и во почетокот од следната седмица.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki