По дестабилизацијата на атмосферата и тоа од локален карактер во текот на денешниот ден, од утре до вторник ќе имаме сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36, 37 степени.
Нова дестабилизација на атмосферата која на повеќе места ќе услови пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на НЕВРЕМЕ се очекува во среда.
Во Скопскиот регион од утре до вторник ќе имаме стабилно суво и сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека температурите ќе се искачуваат помеѓу 33 и 34 степени. Нови услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи ќе се создадат во среда.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki