ПО КОТЛИНИТЕ И ПОНАТАМУ СЕ ЗАДРЖУВА МАГЛАТА И ЗНАЧИТЕЛНАТА НИСКА ОБЛАЧНОСТ – ДЕТАЛИ

објавено на:

18 Дек 2020

од:

сподели:

Денес времето во државава ќе биде сончево со умерена локална облачност и претежно тивко. По котлините ќе има магла и ниска облачност, особено во претпладневните и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуват во интервалот од 8 до 14 степени.

Во Скопската котлина ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, особено претпладнево и повторно во вечерните и во ноќните часови. Максималната дневна температура на воздухот денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Потоа во следните денови времето ќе се задржи умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има и позначителна облачност а особено во понеделник ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд. По котлините ќе има појава на магла и ниска облачност додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.За нови или обновени метео информации, следи ме на социјалните медиуми.