По изразениот топлотен бран – од среда продор на посвеж воздух од север

објавено на:

31 Авг 2020

од:

сподели:

По изразениот топлотен бран кој ја зафати нашата држава, и кој услови температурите во југоисточните предели да се искачат близу 40 степени, односно до 38 степени и тоа во Гевгелија, веќе од среда ќе имаме продор на посвеж воздух од север и пад на температурите на воздухот за три до пет степени, со што максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Сето ова ќе биде проследено и со ветер од северен правец, кој најизразен ќе биде Долж Повардарието. Утре пак попладне во северните и во северозападите предели ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност, а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен правец и истиот кон крајот на денот и во вечерните часови Долж Повардарието ќе го менува правецот во северен.

Поголеми услови за нестабилност и локална појава на пороен дожд и грмежи ќе има во петок.

За нови, по потреба и обновени метео информации следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски

 







Занимливости