ПО ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ – ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД СЛЕДУВА МНОГУ ДОЖД И СНЕГ!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Потоа, како што веќе најавивме, од утре попладне и навечер, па во следните денови, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег на планините. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Поинтензивни врнежи и нешто пониски температури ќе имаме за време на викендот, кога врнежи од снег ќе има и на некои од повисоките места. Температурите за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот само од 3 до 10 степени.

Во следниот период и тоа поради честите врнежи, кој на повисоките места и на планините ќе бидат од снег, се очекува формирање на позначителна снежна покривка и тоа на повисоките места и на планините.

Во Скопскиот регион, од утре попладне и навечер па во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во сабота, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 9 степени. Повремено ќе дува и засилен ветер од југоисточен правец.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Отсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki