ПОСЛЕДНИ АНАЛИЗИ: ЗА ВИКЕНДОТ ТЕМПЕРАТУРИ ОД НАД 42 СТЕПЕНИ! ОПАСНОСТ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ!

објавено на:

20 Јул 2022

од:

сподели:

Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите понатаму, и тоа особено од утре па за време на викендот ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛАТА воздушна маса од Африка.

Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите од утре, а особено за време на викендот ќе се приближат дури до околу 40 степени.

НАПОМЕНА: Во централните и југоисточните предели, кои се најтопли температурите за викендот би можеле да се искачат дури и над 42 степени, така барем велат последните направени анализи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари.

 

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki







Занимливости

  • 17 Апр 2025

    Денешниот ден (четврток 17 април) повторно во нашата Македонија помина во знакот на многу мачнен и спарен ден, со присуство на Сахарска прашина  и песок во воздухот. Сепак, денес беше  и значително потопло за разлика од изминатите денови, па така, до 17 часот попладнево во Струмица е измерена максимална температура од 27 степени. На табелата можете да ги погледнете  [...]