Попладнево и до крајот на денов, особено во западните и во северните предели ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради доста загреаната атмосфера и исполнета со енергија, локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.
Од утре само во планинските места во попладневните часови ќе има услови за сосема краткотраен локален дожд и грмежи.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука