Попладнево и вечерва се очекува нова дестабилизација на времето – на повеќе места врнежи и грмежи
Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе ја зафати нашата држава, на повеќе места ќе има повремен локален дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилување на ветерот а има услови и за ретка појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во Скопје и околината попладнево и во вечерните часови ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд а има услови и за ретка појава на грмежи, максималната дневна температура во Скопје се очекува да се искачи до околу 21 степен.
Потоа, утре и во вторник, особено во попладневните часови ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.
Од средината од новата недела која што ни претстои пак ќе имаме нешто постабилно и потопло време, што значи дека времето полека ќе се затоплува, а температурите ќе се враќаат во границите на нормалата за овој дел од годината.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Ова утро во Македонија времето е ведро и особено студено, по одделни котлини и речни долини има појава на магла и на ниска облачност, која во текот на денот ќе се расчисти. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со измерени -8 степени. Инаку, во најголем дел од Македонија утринава температурите се спуштија под нулата. На картата можете [...]