Во текот на денешното попладне како и во вечерните часови под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, на повеќе места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално има услови процесите да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд (над 20 л/м2), силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 29 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со услови за повремени врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа локална нестабилност ќе има и во текот на утрешниот ден проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град.
Потоа од понеделник ќе имаме неколку денови со стабилно, суво, сончево и се потопло време со значителен пораст на температурите на воздухот.
Измерено количество на врнежи за изминатите 24 часа во л/м2: 18 Виница, 15 Тетово, 12 К.Паланка, 7 Пожаране, 4 Берово, 3 Тополчани, Ѓуриште, Штип, 1 Прилеп, Скопје, Д.Капија, Куманово.
Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука