Попладнево значително дестабилизирање на атмосферата – се очекува НЕВРЕМЕ, детали и за следните денови

Во текот на попладневните часови нашата територија ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите се очекува да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

Доста нестабилно време со честа појава на врнежи и грмежи, како и локална појава на невреме ќе се задржи и утре како и на почетокот од следната недела.

Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени, додека утре истите ќе бидат малку пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени, што значи дека и понатаму останува топлото време кај нас.

Следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука