Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, подолги во источните предели. Во западните предели пак ќе има услови за повремен локален дожд и снег на повисоките планини. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец. Ќе има услови и за повремен слаб дожд додека максималната дневна температура ќе се искачи до околу 13 степени.
Потоа во следните неколку денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд, особено во западните предели, додека на повисоките планини ќе провејува слаб снег. Повеќе врнежи и во поголем дел од државава ќе има во текот на утрешната ноќ и во четврток особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југоисточен правец, додека максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.
За време на новогодишната ноќ времето ќе биде умерено облачно со услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините, особено на запад. Температурите на воздухот ќе се движат во интервалот од -2 до 5 степени, додека на првиот ден од новата 2021 година ќе имаме претежно стабилно и суво време со подолги сончеви периоди и со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука