Нашата територија и понатаму се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса која се спушта директно од Аркиток и условува поларни температури на воздухот. Времето е ведро со мала до умерена локална облачност, особено во северозападните предели.
Најстудено ова утро е во Берово каде температурата се спушти на -15 степени, потоа следуваат Битола со минус -13 степени, Струга и Охрид -12 степени, Пожаране -10 степени, Прилеп -9 степени, Тетово -7 степени, Штип -7 степени, Скопје – Петровец -5 степени, Демир Капија исто така се измерени -5 степени и најтопло ова утро е во Гевгелија како по обичај каде се измерени -3 степени. Да напоменеме дека на планинските места температурите на воздухот во текот на изминатата ноќ се спуштија и под -15 степени.
Максималните дневни температури во текот на денешниот ден, како и утре во поголемиот дел од Македонија ќе се задржат под нулата и истите ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 3 степени, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието и на југоисток повремено ќе засилува.
Утре наутро температурите на воздухот понакеде има услови да се спуштат и под -15 степени, особено во повисоките населени места.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука