ПОЛАРНИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ПРОДОЛЖУВААТ: ИЗМЕРЕНИ -16 °C, ИЗДРЖЕТЕ УШТЕ ВЕЧЕРВА – ОД УТРЕ СТУДОТ ПОПУШТА

Поларниот бран продолжи да влијае на времето и во текот на изминатата ноќ, па така до утринава најстудено беше во Битола и во Берово каде температурите се спуштија на -16 степени.

Потоа следуваат Крива Паланка каде се измерени -13 степени, во Скопје – Петровец, Прилеп и во Пожаране се измерени -11 степени, во Ѓуриште, Виница, Тетово и во Охрид се измерени -10 степени,  -8  степени Скопје – Зајчев рид, во Струмица и во Гевгелија се измерени -4 степени и во Дојран беше најтопло каде се измерени -3 степени.

Доста студено ќе биде уште утре наутро, додека во текот на денот како што најавивме студот полека но сигурно ќе попушта, а температурите на воздухот ќе бидат во пораст. Исто така ќе започне да дува јужен и југозападен ветер кој од петок повремено ќе биде и засилен по интензитет.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука