ПОЛАРНИОТ БРАН ГО ДОСТИГНА СВОЈОТ МАКСИМУМ: УТРИНАВА ИЗМЕРЕНИ -22°C

Поларниот бран кој ја зафати нашата држава утринава го достигна својот максимум. Ова утро најниска температура е измерена во Битола, и тоа -22 степени, потоа следуваат Скопје – Петровец каде се измерени -17 степени, во Берово -16 степени, во Крива Паланка, Тетово, Демир Капија и во Маврово се измерени -15 степени, во Прилеп -14 степени, во Штип и Струмица -13 степени, Скопје – Зајчев рид -8 степени и во Гевгелија ова утро беше најтопло каде се измерени -4 степени.

Како што веќе најавивме, студено со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени ќе се задржи и денес, додека во утринските часови студено ќе се задржи и во следните неколку денови кога минималните температури понекаде ќе се спуштат и под -10 степени.

Позначителен пораст на максималните дневни температури се очекува од четврток кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 11 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука