ПОЛАРЕН СТУД – ОЧЕКУВАЈТЕ ТЕМПЕРАТУРИ ДУРИ ДО ОКОЛУ -20°C

Утре времето во Македонија ќе биде претежно сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала локална облачност. Во вечерните часови, особено во северните и во североисточните предели ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен Долж Повардарието. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -3 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат и под -15 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени.

И во Скопје и околината утре времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала, а кон крајот на денот и умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до близу -10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 2 степени.

Потоа и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од север. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално провејување на снег. Во следните неколку денови исто така ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. правец.

Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -5 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштаат и до близу -20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во крајните југоисточни пртедели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени.

НАПОМЕНА: Во следниот период поради ЕКСТРЕМНО НИСКИТЕ температури ќе има појава на голомразица, па затоа на возачите им препорачуваме да возат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki