ПОЛАРЕН МАРТОВСКИ СТУД СЛЕДУВА ВО МАКЕДОНИЈА – ТЕМПЕРАТУРИТЕ ПАЃААТ НА -15 °C!

До крајот на денов времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со повремени локални послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 5 степени.

Инаку како што најавивме и во следните денови времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе има и повремени локални врнежи од снег, а сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -15 степени. Максималните пак исто така ќе бидат МНОГУ НИСКИ И ќе се искачуваат во интервалот само од -3 до 6 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно и СТУДЕНО со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Повремено ќе има услови и за провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.
  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki