ПОДГОТВЕТЕ СЕ: ЦИКЛОН ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА И ЌЕ ДОНЕСЕ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ
По стабилниот викенд, како што веќе најавивме во понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник како и во вторник, нашата територија ќе биде под влијание на циклонска активност и на изразен влажен воздушен бран кој ќе услови облачно време насекаде со врнежи од дожд.
Локално врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и проследени со грмежи, а ќе дува и умерен до засиелн ветер , најпрвин од јужен и од југоисточен, а потоа од југозападен правец.
Локално се очекува да наврне позначително количество на воден талог (над 35 л/м2).
За време на викендот максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека опаѓање на температурите ќе има во вторник и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 22 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]