ПОДГОТВЕТЕ СЕ: МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА НАЈТОПЛИОТ БРАН ДОСЕГА ОВАА ГОДИНА- ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СЕ ИСКАЧАТ ДО 43°C

објавено на:

19 Јун 2021

од:

сподели:

Како што и претходно беше најавено, нашата територија е пред ударот на најтоплиот бран досега оваа година. Истиот ќе пристигне уште од понеделник и најинтензивен ќе биде на средината од наредната недела кога температурите ќе се искачуваат во интервалот дури од 35 до 43 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде од 10 до 11 па затоа дококолку излегувате со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се понесете заштитна опрема (капа  инаочари за сонце).

Времето во текот наследната недела ќе биде претежно сончево со мала локална облачност. Само локално и тоа особено во понеделник попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и со појава на град. Ваквата појава особено се очекува во северните и во источните предели од државава, како и локално на југ и југоисток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 







Занимливости