ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НА ПЛАЖА – ДОАЃА ПРВИОТ ИЗРАЗЕН ТОПЛОТЕН АФРИКАНСКИ БРАН: СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ ДО 40 °C

Нестабилноста во попладневните часови ќе се задржи и во следните неколку денови кога ќе имаме локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и локална појава на град.

Сепак во текот на следната недела, Македонија но и регионот се на удар на првиот изразен топлотен Африкански бран кој ќе услови многу високи температури на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите во одредени денови од следната недела се очекува да се искачат и до 40 степени.

Во текот на следната недела исто така ќе имаме значително повеќе сонце а УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНА вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 10 и 11 па затоа доколку излегувате со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО понесете си капа и наочари за сонце, со цел да се заштитите од лошото влијание на сонцето.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука