Температурите полека но сигурно секојдневно се се повисоки. Тоа го кажува и денешната вредност на измерените температури.
Најтопло денес беше во Гевгелија каде температурата се искачи до 34 степени, во Демир Капија се измерени 33 степени, 32 степени се измерени во Скопје како и во Струмица но и во Штип, 31 степен е измерен во Скопје Петровец како и во Битола, Тетово се измерени 29 степени, 27 степени се измерени во Охрид, 26 степени во Берово и најсвежо денес беше во Лазарополе каде се измерени 22 степени.
Особено топло ќе биде во следните денови, и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели во следниот период температурите се очекува да се искачат и до околу 40 степени. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за краткотрајна и изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за ретка појава на град.
УВ – ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните ги советуваме да се заштитат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.
- За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
- Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki