ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ ОД КОЛКУ СОНЦЕ ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ – НО СЕПАК ТОПЛОТО СЕПТЕМВРИСКО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА

објавено на:

06 Сеп 2021

од:

сподели:

До крајот на денешниот ден ќе има услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, кој во североисточните предели повремено ќе засилува на интензитет. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од источен правец. Мали се условите за ретка појава на краткотраен дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Потоа во следните денови, времето ќе биде умерено, локално и значително облачно со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот претежно од 21 до 27 степени, додека уште потопло ќе биде за време на викендот кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени.

УВ ИНДЕКСОТ во следните денови ќе има умерено висока вредност (коефициент помеѓу 4 и 5).

И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме умерено, локално и повремено и значително облачно време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 27 степени.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
  • Одсега па натаму можете да ме следете и на инстаграм @slavchopoposki







Занимливости

  • 19 Јул 2024

    Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека има активни 13 пожари, од вкупно 28-те пожари на отворено во последното деноноќие, што се во општините: - Општина Чашка с.Јаболчишта и с.Дреново врв Лисец (високостеблеста вегетација) -Општина Велес кај с. Калањево (нискостеблеста шума) -Општина Росоман кај с.Сирково и с. Подлест (нискостеблеста шума и ниска вегетација) - Општина Студеничани место викано [...]