ПЕКОЛЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА – ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА ЦЕЛАТА СЕДМИЦА КОЈА Е ПРЕД НАС
Нашата територија полека подпаѓа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од југ (северните предели на Африка), а температурите на воздухот бележат тенденција на значителен пораст.
Во текот на седмицата која ни претстои времето ќе биде сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Ќе има услови и за сосема ретка појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.
Температурите секојдневно ќе растат, а особено топло ќе биде од средината на седмицата кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 43 степени. Не се исклучува можноста во централните, како и во југоисточните предели истите да се искачат дури до околу 45 степени. УВ ИНДЕКОСТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 9 и 10).
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Може ќе ве интересира
Занимливости
Утринава речиси насекаде во Македонија имавме минусни температури, но од друга страна, облачноста од запад полека се зголемува и истата е знак на новиот ладен и влажен бран кој од денес попладне ќе ја зафати нашата Македонија. Најстудено утринава до 7 часот беше во Берово со -5 степени, додека највисока температура од 1 степен е измерена во Претор и [...]